Поранешниот директор на ЦИА и американски генерал со четири ѕвездички, Дејвид Петреус, излезе со тврдење кое ја разбранува меѓународната јавност. Според него, иднината на војувањето е веќе пред нашите очи – во Украина. А клучната алатка која би можела да ја реши судбината на војната се беспилотните системи, меѓу кои најголема улога имаат роботските подморници и поморските дронови.
Генералот предупредува дека доколку Западот не ја продолжи воената и финансиска поддршка, Украина ќе остане без сила да се брани. Но, ако 200 милијарди фунти од замрзнатите руски средства во Европа се пренасочат кон Киев, тогаш производството на дронови може да достигне историски размери и да ја сврти војната во сосема нов правец.
Петреус откри дека Украина веќе тестира беспилотни подморници со брзина од 100 километри на час и крстосувачки ракети „Фламинго“ со дострел од над 3.000 километри. Тоа значи дека Москва, па дури и далечните руски нафтени рафинерии, веќе не се недостижни цели. Според него, дроновите се директно одговорни за тоа што Русија не успева да оствари напредок на фронтот и што украинските напади ја парализираат руската економија.
„Ова е моментот кога Украина може да ја сопре руската армија – но само ако Западот има храброст да инвестира во оваа нова технологија“, порача Петреус.
Тој додава дека светот треба да учи од Украина, затоа што таа веќе ја демонстрира иднината на војувањето – армија што не се потпира на бројност, туку на технологија, брзина и прецизност.
Со други зборови, беспилотните подморници и воздушни дронови веќе не се „оружје на иднината“, туку реалност која може да ја одлучи најголемата војна на 21-от век.