ПРВ.мк
Спорт

Охрид во центарот на вниманието – Голем спортски спектакл го затвора Европската недела на спортот

Охрид во центарот на вниманието – Голем спортски спектакл го затвора Европската недела на спортот

Охрид денеска е главна спортска сцена – со голема завршна манифестација официјално се затвора Европската недела на спортот 2025, иницијатива која оваа година слави 10-годишен јубилеј.

На Кејот Македонија, од 13 часот, охриѓани ќе уживаат во вистински спортски спектакл кој ги спојува спортот и забавата. Во програмата се најавени натпревари во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, карате, таеквондо и стрелаштво, како и специјални фитнес-зони и бројни активности за сите генерации. Настанот ќе биде збогатен и со музичка програма која ќе трае до вечерните часови.

Со овој настан завршува најголемата европска иницијатива за промоција на физичката активност – European Week of Sport (EWoS), која годинава се одржуваше во повеќе градови и ја спроведуваше Министерството за спорт.

Вчера, во Скопје на Средно Водно, се одржаа дел од активностите во рамки на вториот блок на оваа недела, со игри на отворено, bodyweight тренинзи, рекреативни зони за истегнување и релаксација, натпревари во баскет и фудбал 3х3, како и традиционално искачување до врвот на планината.

Европската недела на спортот има за цел да ја поттикне физичката активност и здравиот начин на живот кај луѓе од сите возрасти, а Охрид денеска ја става финалната точка на оваа енергична спортска приказна.

Escape