ПРВ.мк
Македонија

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Започнаа врнежите од снег во Македонија

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Започнаа врнежите од снег во Македонија

Вечерва на Попова Шапка паѓа снег, додека ситни снежни зрнца се забележуваат и на Бистра во Маврово, според снимките во живо на skimacedonija.mk. Ова следи по првиот снег во Србија на планината Голија, како и снежните врнежи на Копаоник и Бјелашница во Босна и Херцеговина.

Под влијание на влажен и студен бран, времето во Македонија до петок ќе остане облачно, студено и со обилни врнежи од дожд – локално се очекуваат и над 50 литри дожд на метар квадратен. Од утре, поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Во петок се очекува формирање значителна снежна покривка и на повисоките места.

Стабилизација на времето се предвидува од сабота, со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.

Escape