По долга и тешка болест, денес го загубивме Томе Влашевски, попознат како Кубата, еден од најпознатите македонски фолк пејачи.
Кубата остави неизбришлив белег со својата музика, како прв пејач на групата „Молика“ и подоцна фронтмен на „Бон Тон“, со бројни хитови што се пееле низ целата земја.
Неговата песна „Прости ми“ останува препознатлив знак на неговиот стил, кој негуваше традиционален фолк звук и ја обележа македонската музичка сцена.