ПРВ.мк
Македонија

Ова е првиот затвореник во Македонија кој ќе носи електронска алка – еве како ќе функционира

Ова е првиот затвореник во Македонија кој ќе носи електронска алка – еве како ќе функционира

Првиот затвореник во Македонија кој ќе носи електронска алка е 79-годишен велешанец, осуден на куќен затвор поради полово вознемирување. Казната од три месеци ќе ја издржува дома, под надзор преку електронската алка која ја следи секоја негова локација.

Управата за извршување санкции објаснува дека алката сигнализира доколку осуденикот се оддалечи од дозволениот периметар или ако се обиде да ја помести, а секој рутер има вграден сим-картичка за континуирана врска со надзорниот центар.

Оваа мерка е воведена со цел да се намали пренатрупаноста во затворите, кои имаат над 2300 затвореници и 400 притвореници, при што некои затвори работат над капацитет. Електронските алки се наменети за стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали деца, како и за тешко болни или лица со инвалидитет.

Директорот на УИС, Александар Пандов, посочи дека досега околу 60 осуденици аплицирале за користење на електронска алка, а Управата формирала посебно одделение за електронски надзор, кое ќе ги следи сите активности на осудените лица под алка.

Escape