ПРВ.мк
Балкан

ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ЗА БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА: Земјоделските блокади се укинати - но еве до кога!

ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ЗА БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА: Земјоделските блокади се укинати - но еве до кога!
Kristal

Граничните премини меѓу Република Северна Македонија и Грција ќе бидат отворени за време на божиќните и новогодишните празници, откако грчките земјоделци привремено решија да ги прекинат блокадите. Претходно, повеќе од една недела премините беа затворени поради нивните протести, но сега рампите ќе бидат подигнати за граѓаните непречено да ги остварат своите патувања и празнични активности во Грција.

Според грчките медиуми, граничните премини и главните патни правци ќе бидат отворени во два термина: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември, и повторно од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Одлуката е донесена како гест кон граѓаните и туристите, додека земјоделските протести ќе продолжат по завршувањето на празничниот период.

FixCredit
Escape