ПРВ.мк
Балкан

„НЕМА ПАНИКА“: Вучиќ откри до кога Србија има гориво - еве што им порача на граѓаните!

„НЕМА ПАНИКА“: Вучиќ откри до кога Србија има гориво - еве што им порача на граѓаните!
Kristal

Србија има обезбедено доволни количини керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можно и до 25 јануари, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтениот сектор.

Иако Србија веќе околу 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ тврди дека енергетскиот систем останува стабилен и дека нема потреба од паника, особено во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Сепак, претседателот призна дека состојбата е „исклучително комплицирана“, при што клучен проблем претставува статусот на Нафтната индустрија Србија (НИС). Како што најави, Белград следната недела ќе испрати итни барања до Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (ОФАК), со цел добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи. Имаме безброј технички проблеми и маки, но државата знае како да ги реши тие проблеми“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека државата нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и ја истакна издржливоста на системот.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што ја изградија држава која може 70 дена да издржи без капка нафта и да покаже колку е стабилна и сигурна. Ние ќе продолжиме со нашата работа, а вие подгответе се за празниците во целосен мир. Ќе имате доволно од сè што е потребно“, порача српскиот претседател.

Вучиќ најави дека јавноста ќе биде навремено информирана доколку дојде до какви било промени во состојбата.

FixCredit
Escape