Бахамите станаа 121-та држава што официјално го призна Косово како независна и суверена земја, соопшти денеска косовската претседателка Вјоса Османи.
Таа информира дека во главниот град Насау бил потпишан договор за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и оваа карипска држава.
Ова претставува четврто ново меѓународно признавање за Косово во текот на годинава, по претходните одлуки на Сирија, Судан и Кенија да ја признаат косовската државност.
















