Новите предложени правила од Ковачев ги шокираа апликантите за бугарски пасош – свечена церемонија и јавен регистар
Европратеникот Андреј Ковачев предложи нови правила според кои сите лица што сакаат да добијат бугарско државјанство ќе мора да бидат фотографирани пред бугарското знаме и државниот грб, како дел од специјална свечена процедура.
Ковачев изјави дека мерката треба да го зацврсти „врзувањето“ на идните државјани со бугарскиот идентитет, но и да ја зголеми транспарентноста на процесот преку создавање јавен регистар.
Тој повторно ја критикуваше Северна Македонија, наведувајќи дека земјата заостанува во реформите и европската интеграција, особено по локалните избори. Според него, исполнувањето на веќе прифатените обврски е неопходно за напредок на преговорите со ЕУ.
Сепак, Ковачев посочи дека постојат и позитивни сигнали, особено во делот на инфраструктурата – како проектот за заеднички тунел на границата и железничката врска Скопје–Софија, дел од Коридорот 8.
















