ПРВ.мк
Балкан

Најстрог сообраќаен закон досега – големи казни ако го правите ова во кола!

Најстрог сообраќаен закон досега – големи казни ако го правите ова во кола!
Kristal

Србија подготвува нов, најстрог Закон за безбедност во сообраќајот, кој ќе стапи на сила од јануари наредната година, со уште построги санкции од 2026 година. Според шефот на Управата за сообраќајна полиција, Славиша Лакиќевиќ, досегашните казни од 3.000 и 5.000 динари (околу 25-40 евра) ја изгубиле превентивната улога и сега ќе бидат значително зголемени.

„Поевтините прекршоци ќе се казнуваат со тројно повисоки суми, а посериозните прекршоци ќе бидат удвоени. За одредени помали прекршоци, санкциите може да достигнат и до 50.000 динари“, изјави Лакиќевиќ.

Меѓу прекршоците што ќе бидат построго казнувани се: неносење сигурносен појас, користење мобилен телефон при возење, пребрзо возење во населени места, возење мотоцикл, мопед или електричен тротинет без кацига, но и слушање прегласна музика во возилото, ако тоа го спречува возачот да ги слушне сигналите и звуците од околината.

Новите измени предвидуваат и укинување на можноста за плаќање половина од казната за повторени прекршоци. Доколку истиот прекршок се повтори, казната автоматски ќе се зголемува за 50 отсто.

Покрај финансиските санкции, се предвидуваат и казнени поени за прекршоци како неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон, како и построга политика за возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанции. Посебни мерки се најавуваат за возачи со алкохол во крвта и деца во возилото – тогаш се предвидуваат драстично повисоки казни, повеќе казнени поени и задолжителни заштитни мерки.

FixCredit
Escape