ПРВ.мк
Македонија

16-годишник возел без дозвола и предизвикал сериозна несреќа – детали од инцидентот!

16-годишник возел без дозвола и предизвикал сериозна несреќа – детали од инцидентот!
Kristal

Малолетник од Скопје е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола, предизвикал сообраќајна незгода и ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

Несреќата се случила на 22 декември околу 16:20 часот на крстосницата меѓу улицата Индира Ганди и сервисната улица поврзана со Вашингтонска. Во судирот учествувале „фолксваген голф“, управуван од 16-годишното момче, и „ауди“ со скопски регистарски таблички, зад чиј волан бил 21-годишниот Р.А. од Скопје.

Возачот на „аудито“ се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана медицинска помош.

По извршениот увид, полицијата утврдила сомнение дека малолетникот ја загрозил безбедноста во сообраќајот. По наредба на јавен обвинител, тој бил лишен од слобода, а службениот разговор бил извршен во присуство на родител и адвокат.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape