ПРВ.мк
Македонија

Заврши судскиот процес против Фатон Љури за смртната сообраќајка на кејот на Вардар - еве кога ќе биде конечната пресуда!

Заврши судскиот процес против Фатон Љури за смртната сообраќајка на кејот на Вардар - еве кога ќе биде конечната пресуда!
Kristal

Судскиот процес против 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски на пешачката патека на кејот на Вардар и го напуштил местото на несреќата, денеска заврши во Основниот кривичен суд – Скопје.

Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во завршните зборови, обвинителството побара казна според законот за тешко кривично дело со висок степен на општествена опасност, нагласувајќи дека ненадејната смрт на жртвата предизвикала неизмерна траума кај семејството, особено кај ќерките, една од кои ја изгубила бременоста по несреќата.

Бранителот на обвинетиот побара да се земат предвид олеснителни околности, вклучувајќи психолошко влијание врз партнерката на обвинетиот. Судот ќе одлучи на 29 декември, а казните за вакви дела, според претходната пракса, се движат од 3,5 до 5 години затвор.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape