Администрацијата на Доналд Трамп планира да поништи илјадници барања за азил преку нова правна тактика, според која случаите би се отфрлале без одржување судска расправа, објавува Си-Би-Ес Њуз.
Според медиумот, адвокати на американската имиграциска служба ICE веќе бараат од имиграциските судии директно да ги отфрлат постојните барања за азил, што би овозможило побрзи депортации на мигрантите.
Критичарите предупредуваат дека ваквиот пристап може сериозно да го ограничи правото на правична постапка, додека поддржувачите тврдат дека станува збор за мерка за намалување на притисокот врз преоптоварениот имиграциски систем.
















