ПРВ.мк
Македонија

Насилство сред бел ден: Група лица нападнаа дете и возач во автобус на ЈСП

Насилство сред бел ден: Група лица нападнаа дете и возач во автобус на ЈСП
Kristal

Сериозен инцидент бил пријавен вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје. Според информациите од полицијата, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал низ село Кондово, општина Сарај, шест лица физички нападнале 15-годишно момче од селото Радуша.

По нападот врз малолетникот, групата лица физички го нападнала и возачот на автобусот, Р.Ф. (38), исто така од Радуша, кој се обидел да интервенира и да го смири инцидентот.

За случајот е известена полицијата, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на одговорноста на напаѓачите.

FixCredit
Escape