ПРВ.мк
Македонија

СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ДИПЛОМАТ НА ГРАНИЦА: Скопјанец фатен со фалсификувани документи - ова се деталите!

СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ДИПЛОМАТ НА ГРАНИЦА: Скопјанец фатен со фалсификувани документи - ова се деталите!
Kristal

59-годишен жител на Скопје доби кривична пријава откако на Граничниот премин Табановце се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, Регионалниот центар за гранични работи Север поднел пријава против С.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за кривичните дела „фалсификување исправа“ и „лажно претставување“.

Инцидентот се случил на 25 јули 2025 година, при влез во државата, кога осомничениот управувал патничко возило „фолксваген голф“ и на граничните службеници им се претставил како дипломат, приложувајќи лажен документ.

Граничната полиција веднаш го открила фалсификатот, по што случајот бил целосно документиран и доставен до надлежните институции за понатамошна постапка.

Од МВР посочуваат дека лажното претставување и користењето фалсификувани документи, особено со дипломатски статус, претставува сериозно кривично дело и закана за безбедноста, поради што ваквите случаи строго се санкционираат.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape