ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД ФИЛМ: Со џип се заби во кола за да си го спаси семејството!

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД ФИЛМ: Со џип се заби во кола за да си го спаси семејството!
Kristal

Вистинска филмска драма се одвивала во Калифорнија кога сопственичка на куќа, возејќи го својот луксузен Mercedes-Benz G-Wagon, директно се судрила со автомобилот на крадци кои се обидувале да побегнат.

Жената излегла да купи кафе, но додека разговарала на телефон со својата мајка која чувала внуците во куќата, слушнала вознемирувачки крици: „Помош! Помош!“

Без размислување, таа со полна брзина се вратила назад и на улицата налетала на белиот седан на напаѓачите. Безбедносните камери го снимија моментот на силниот судир, кој изгледал како сцена од акционен филм.

Нејзиниот сопруг, Дејвид, изјавил дека ударот не бил намерен, туку резултат на паника и страв за безбедноста на семејството. Полицијата на Лос Анџелес во напуштеното возило на крадците пронашла возачка дозвола, што значително ќе ја олесни истрагата.

ВИДЕО

FixCredit
Escape