ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СТРАШНА НЕСРЕЌА: Авион што превезувал повредено дете се урна - ова се првите детали од несреќата!

(ВИДЕО) СТРАШНА НЕСРЕЌА: Авион што превезувал повредено дете се урна - ова се првите детали од несреќата!
Kristal

Најмалку пет лица загинаа во Тексас откако авион на мексиканската морнарица се урна вчера во густа магла во близина на Галвестон. Авионот бил на медицинска мисија и превезувал дете со тешки изгореници, објави Би-Би-Си.

Според веб-страницата за следење на летови „Флајт Радар“, авионот последен пат бил виден во 15:01 часот по локално време над заливот Галвестон. Летот бил организиран за фондација која обезбедува грижа за мексикански деца со тешки изгореници. Секретаријатот на мексиканската морнарица соопшти дека едно лице сè уште е исчезнато, додека две лица се спасени живи.

Видеото од „Асошиејтед Прес“ ги прикажува остатоците од авионот во водата, додека сведоци и полицајци влегуваат во морето за да ги бараат деловите и преживеаните. Скај Декер, локален капетан на јахта, ја опиша ситуацијата: „Не можев да поверувам. Имаше само неколку сантиметри воздух за дишење. Внатре имаше гориво за авиони измешано со вода, испарувањата беа навистина лоши. Таа навистина се бореше за својот живот.“

Претходно, Секретаријатот на мексиканската морнарица соопшти дека операциите за пребарување и спасување се во тек во координација со крајбрежната стража на САД. Фондацијата Michou y Mau изрази „најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од оваа трагедија“.

ВИДЕО

FixCredit
Escape