Жена од гостиварско е лишена од слобода поради кражба на златен накит, кој веќе е вратен на сопственичката.
Како што соопшти МВР, вчера (22.12.2025) во 10:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја уапсиле М.С. (45) од село Калиште, гостиварско.
Таа се сомничи дека истиот ден извршила кражба во куќа во село Градец, сопственост на Х.А. (49), при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра.
Одземеното злато е пронајдено и вратено на сопственичката. М.С. е задржана во полициска станица, а по комплетирање на документите против неа ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.














