ПРВ.мк
Македонија

Сиљановска Давкова: „Кочани не беше само трагедија – некој мора да одговара!“

Сиљановска Давкова: „Кочани не беше само трагедија – некој мора да одговара!“
Kristal

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање повика на прекин на политичките злоупотреби поврзани со трагедијата во Кочани. Таа истакна дека пожарот во кој загинаа 63 лица откри системски пропусти, корупција и институционална неодговорност кои ја доведоа државата до „ѕидот на срамот“.

– Кочани не беше само несреќен случај, тоа беше последица на системски проблеми – рече Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека толерирањето на корупцијата и несанкционирањето на криминалот го зголемува ризикот за катастрофа.

Таа побара од политичките партии да го прекинат препукувањето и да дозволат судскиот процес да се одвива без политички притисоци, истакнувајќи дека токму преку овој процес ќе се види дали судството ќе ја добие или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните.

Претседателката исто така се осврна и на надворешната политика, правичната застапеност, фемицидите и животната средина, подвлекувајќи дека како граѓанка и претседателка ги слуша гласовите на сите граѓани, вклучително и на лицата со попреченост.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape