Еден 67-годишен жител на тетовско село останал без 3.000 евра откако бил измамен преку социјалните мрежи. Сè започнало кога мажот се запознал со жена која се претставувала како државјанка на Бугарија и со која подолго време комуницирал онлајн.
На 20 декември жената тврдела дека ѝ биле одземени 10.000 евра на граничен премин и дека сумата ќе ѝ биде вратена доколку се плати „казна“ од 3.000 евра. Верувајќи дека помага, мажот ја уплатил сумата преку три различни агенции. По уплатата, обидите да стапи во контакт со жената и со наводниот „командир на граничен премин“ биле безуспешни, по што сфатил дека станува збор за измама.
Полицијата од Тетово ги презема сите мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.














