Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по барање на ЕВН Хоум.
Според прес-конференцијата на Бислимовски:
- Првиот блок ќе поскапи за 2,45%
- Вториот блок за 2,87%
- Третиот блок за 3,33%
- Четвртиот блок за 3,84%
- Евтината тарифа ќе се зголеми за 2,50%
Бислимовски истакна дека ЕВН Хоум барале зголемување од 8-9%, но РКЕ ја одобрил помалата варијанта која веќе е соопштена.
Доколку се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина ќе се зголеми од 2,03 на 2,6 денари, што би резултирало со покачување на првиот блок за 8,46%, а евтината тарифа би пораснала за 13%. Сепак, РКЕ останува на ставот дека нема потреба да се укине надоместокот.
Практично, за домаќинство кое троши само во првиот блок, сметката ќе се зголеми за околу 57 денари. За потрошувачка во прв и втор блок, зголемувањето ќе биде околу 70 денари, а за оние со потрошувачка во прв, втор и трет блок, месечната сметка ќе се зголеми за 370 денари. Околу 14.000 домаќинства ќе бидат погодени од последното зголемување.














