Грција започнува обемна надградба на граничниот премин Евзони, вредна 24,6 милиони евра, со поддршка од Министерството за внатрешни работи. Проектот ќе опфати промени во архитектонската и енергетската инфраструктура, сообраќајните мрежи, како и подобрување на пасошките, царинските, фитосанитарните и ветеринарните контроли.
Генералниот секретар Димитрис Галаматис истакнува дека овие интервенции ќе ја зголемат ефективноста на процедурите на границата и ќе ја олеснат соработката помеѓу Грција и Северна Македонија. Надградбата ќе ја усогласи Грција со ЕУ регулативите и ќе создаде модерна копнена порта за влез во земјата.
Проектот треба да биде завршен до 31 декември 2027 година и е дел од поширока стратегија за модернизација на сите главни гранични премини, со цел да се поттикне економската и туристичката активност во северна Грција и пошироко.