ПРВ.мк
Македонија

УХМР со предупредување: Утре нестабилно време со силен ветер над 70 км/ч

УХМР со предупредување: Утре нестабилно време со силен ветер над 70 км/ч

Утре Македонија ќе се соочи со променливо облачно време, локален дожд и грмежи, придружени со засилен ветер. На повеќе места ќе дува западен ветер со брзина над 70 км/ч, кој ќе создаде услови за невреме.

Во Скопје, особено во делови од котлината, се очекува краткотрајно нестабилно време со засилен до силен југозападен ветер, потенцијално проследено со невреме. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Escape