ПРВ.мк
Македонија

Обвинение против шест полицајци и две лица за злоупотреби со странци!

Обвинение против шест полицајци и две лица за злоупотреби со странци!

Јавен обвинител поднесе обвинителен акт против шест полицајци и две цивилни лица поради сериозни злоупотреби поврзани со незаконски престои на странски државјани во Македонија. Обвинетите се товарат за примање мито, злоупотреба на службена положба и издавање дозволи за престој спротивно на законот.

Според обвинението, дел од обвинетите посредувале за турски државјанин незаконски да добие дозвола за престој, за што било земено мито од 900 евра. Полицајците го прифатиле влијанието и не постапиле по службена должност. Дополнително, еден од полицајците, кој работел на граничниот премин Долно Блаце, од друг турски државјанин примил мито од 3.000 денари за да изврши недозволено службено дејствие.

Во истата постапка се открива дека еден виш инспектор незаконски одобрил престој за седум државјани од Бангладеш и Непал, иако за нив имало негативни безбедносни проценки од АНБ.

Истражната постапка започна во мај, при што беа уапсени 11 лица. Неколку од осомничените се недостапни – едно лице е во екстрадиционен притвор во Србија, а за друго е распишана меѓународна потерница.

Escape