Во скопската населба Карпош денеска околу пладне избувна голем пожар во објект кој порано бил дел од „Макотекс“, а сега функционира како сервис за возила. Огнената стихија брзо се проширила и за кратко време целосно го зафатила просторот.
Според првичните информации, сè уште не е познато дали имало луѓе во објектот во моментот на избувнувањето на пожарот. Причините се исто така непознати. На видеата што кружат се гледаат високи пламенови и густ чад кои се издигаат над Карпош, додека очевидците со вознемиреност ја следат ситуацијата.
Надлежните органи извршуваат увид, а јавноста очекува повеќе информации за евентуални жртви и материјалната штета.