Вистинска драма се случи синоќа на автопатот Егнација, кај Солун, кога автобус со 38 српски туристи бил брутално каменуван додека се враќал од одмор. Нападот го извршиле четири лица, за кои грчката полиција сомнева дека се малолетници, пренесува весникот Прототема.
За време на нападот, неколку прозорци од автобусот биле скршени со камења, а во инцидентот повредени се двајца патници и еден возач, кои се здобиле со полесни повреди, потврдува Катимерини.
Грчката полиција приведе две лица, но поради недостаток на докази, тие биле ослободени.