Во текот на изминатата ноќ во Белград била пријавена престрелка во Македонска улица, во населбата Врачар, при што тешко бил повреден 30-годишниот Стефан П.
Според информациите, младото момче околу 3 часот по полноќ со тешки телесни повреди било пренесено во Ургентниот центар, каде веднаш било сместено на одделението за реанимација.
Полицијата извршила увид во станот каде што се случил инцидентот. Според неофицијални информации, во просториите бил пронајден пиштол, како и одредена количина наркотични средства.
Истрагата за случајот е во тек, а полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со пукањето.









