Хрватската Влада одобри четири крупни набавки за модернизација на Вооружените сили, со вкупна вредност од 1,945 милијарди евра, јави ХРТ.
Станува збор за:
- 44 тенкови „Леопард“
- 18 самоодни хаубици „Цезар“
- 420 теренски камиони
- систем за противдронска заштита
Освен системот за противдронска заштита, набавките ќе се финансираат преку европскиот финансиски инструмент SAFE, а последните испораки се очекуваат до 2030 година.
Потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Иван Анушиќ, истакна дека со овие набавки Хрватска ја надминува границата од два отсто од БДП за одбрана, исполнувајќи ги обврските кон НАТО и развивајќи ги целите за модернизација на своите вооружени сили.
Во проектите учествуваат и домашни компании како „Кончар“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“, што ќе ја поттикне развојот на хрватската одбранбена индустрија и ќе ја зајакне интероперабилноста на армијата со НАТО.
















