Вистинска драма се одвивала на плажата во Олимпијада, Грција, каде тричлено семејство од Бугарија се нашло во опасност откако силните бранови ги однеле подалеку во морето.
Во критичниот момент реагирал битолчанецот Михаил Николовски, кој без двоумење влегол во разбрануваното море за да им помогне.
Според сведоштвото на неговото семејство, Михаил најпрво успеал да ја извлече жената, потоа детето, а на крај и таткото, со што целото семејство било безбедно извлечено од водата.
Храбриот потег не останал незабележан. По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле битолчанецот со силен аплауз.
Настанот се случил токму на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, а постапката на Михаил е пример за храброст, пожртвуваност и човечност во момент кога нечии животи биле во опасност.










