ПРВ.мк
Црна Хроника

Ужас во омиленото летувалиште на Македонците: Голем пожар,започна масовна евакуација,има и повредени

Ужас во омиленото летувалиште на Македонците: Голем пожар,започна масовна евакуација,има и повредени

Голем шумски пожар ја зафати турската провинција Анталија, една од најпопуларните летни дестинации меѓу туристите од Македонија, а стотици жители морале итно да ги напуштат своите домови.

Пожарот избувнал на 7 септември во областа Аксу, а поради силниот ветер огнот за кратко време се проширил кон соседниот Кепез.

Според последните информации, две лица биле хоспитализирани поради повреди на нозете, додека на уште шестмина им била укажана медицинска помош поради вдишување чад.

Поради опасноста од огнената стихија, властите наредиле евакуација на жители од најмалку 254 домови. Турските медиуми објавуваат дека станува збор за околу 720 евакуирани лица.

Пожарот стигнал и во близина на патниот правец Анталија–Испарта, кој привремено бил затворен за сообраќај. Патот подоцна бил повторно отворен под контролирани услови.

Последиците се почувствувале и врз електричната мрежа. Повеќе од 2.000 домаќинства останале без електрична енергија додека екипите се бореле со огнот.

Драматична акција била спроведена и во засолниште за животни во Аксу. Повеќе од 100 кучиња биле евакуирани поради пламените јазици и густиот чад, а дел од животните добиле ветеринарна помош.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани огромни ресурси – најмалку пет противпожарни авиони, повеќе од 10 хеликоптери, околу 110 противпожарни возила и стотици припадници на службите за спасување и гаснење.

Силниот ветер дополнително ја отежнувал интервенцијата и придонел огнот брзо да се прошири на голема површина.

Надлежните служби продолжуваат со гаснењето и обезбедувањето на погодените населени места, додека ситуацијата внимателно се следи.