Хрватската полиција го уапси градоначалникот на општината Свети Иван Жабно, Ненад Бошњак, кој е осомничен дека заедно со своите двајца синови нападнал автомобил во кој се наоѓале 31-годишен маж и бебе.
Според информациите од истрагата, тројцата поради претходни недоразбирања му пришле на запрено возило и почнале да удираат по него, нарушувајќи го јавниот ред и мир.
Полицијата се сомнева дека Бошњак во текот на инцидентот му упатил и смртни закани на возачот, поради што против него е поднесена кривична пријава за закана и му е одреден притвор.
На градоначалникот и неговите синови им е изречена забрана да му се приближуваат и да контактираат со оштетениот, а полицијата привремено им го одзела оружјето на Бошњак и на неговиот 27-годишен син. Истрагата за случајот продолжува.









