ПРВ.мк
Балкан

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА: Лав мачел лавица со денови, целосно ја искасапил - деца го гледале ужасот!

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА: Лав мачел лавица со денови, целосно ја искасапил - деца го гледале ужасот!

Трагедија во Зоолошката градина во Загреб ја потресе јавноста, откако млад африкански лав ја нападна и усмрти лавицата Таира, а дел од посетителите сведочат дека биле сведоци на вознемирувачки сцени пред очите на нивните деца.

Инцидентот се случил кон крајот на јули, а според сведоштва на посетители, нападот не изгледал како игра или нормално однесување меѓу животни. Некои од нив велат дека лавот со денови покажувал агресија кон женката, но дека и покрај тоа животните останале во ист простор.

Еден од посетителите раскажал дека во моментот кога го гледале нападот, веднаш било јасно дека ситуацијата е сериозна.

„Не изгледаше како игра. Беше многу агресивно. Одеднаш лавот скокна врз лавицата и ја фати за вратот. Тогаш сфатив дека нешто страшно се случува“, сведочи посетителка која била во зоолошката градина со своите деца.

Според неа, откако сфатила дека лавицата повеќе не се движи, веднаш ги однела децата подалеку од местото.

Други посетители тврдат дека лавот претходно повеќепати ја напаѓал Таира и дека имало знаци дека животните не се приспособиле едно на друго.

Од Зоолошката градина во Загреб велат дека чуварите реагирале веднаш и се обиделе да го прекинат нападот со повикување на лавот, но тој не реагирал поради силниот инстинкт за време на нападот.

Директорот Иван Цизељ објасни дека лавот бил во процес на адаптација и дека во вакви ситуации животните реагираат според сопствените природни правила.

Ветеринарските анализи покажале дека смртта на лавицата најверојатно настапила поради задушување предизвикано од силен притисок во пределот на грлото.

Сепак, случајот предизвика голем револт кај дел од јавноста. Здружението „Анималекс“ започна петиција со која бара одговорност од раководството на зоолошката градина, обвинувајќи ги надлежните дека животните биле споени пребрзо и покрај претходните знаци на агресија.

Според нив, нападот траел околу половина час, а посетителите предупредувале дека нешто не е во ред.

Истрагата за целиот случај продолжува, а јавноста очекува да се утврди дали имало пропусти во постапувањето со животните пред трагичниот настан.