ПРВ.мк
Балкан

Евакуирано средно училиште по дојава за бомба!

Евакуирано средно училиште по дојава за бомба!
Kristal

Средното училиште „Душан Вукасовиќ Диоген“ во Белград утрово било евакуирано поради дојава за поставена бомба, јавуваат српските медиуми.

Според првичните информации, непознато лице испратило електронска порака до училиштето со закана дека во објектот е поставена експлозивна направа. Веднаш по дојавата, наставниците и учениците биле евакуирани, а полициски екипи и припадници на противдиверзиската служба извршиле детален преглед на зградата.

Како што јавува Блиц, при прегледот не била пронајдена никаква експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна дојава.

Полицијата работи на откривање на лицето кое ја испратило заканата.

Escape