ПРВ.мк
Македонија

Ќе се плаќа дополнително за пратки од „Тему“ и „Алиекспрес“ – ова е причината!

Ќе се плаќа дополнително за пратки од „Тему“ и „Алиекспрес“ – ова е причината!
Kristal

Љубителите на онлајн шопинг ќе мора да издвојат повеќе пари за нарачките од странство. Според новите измени на Законот за данок на додадена вредност, кои го поминаа првото читање во Собранието, се укинува ослободувањето од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност (до 22 евра) испорачани од странство преку платформи како „Тему“ и „Алиекспрес“.

Владата образложува дека целта е усогласување со европските практики и заштита на домашниот пазар, но граѓаните стравуваат дека со ова ќе се намали достапноста на ефтини производи кои досега се купуваа без дополнителни трошоци.

Исклучок од данокот ќе важи само за мали пратки од некомерцијална вредност – од физичко лице до физичко лице, како и за предмети од личен багаж при патување.

Законот продолжува во собраниска процедура, а доколку биде усвоен, новите правила ќе стапат на сила по неговото објавување во Службен весник.

Escape