Полицијата поднесе кривична пријава против инспекторот Д.С. од Полициското одделение Македонска Каменица поради сомнение за кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Според информациите од СВР Штип, на 27.08.2025, Д.С. додека бил на работа, фрлил службени документи во старо метално буре наменето за отпад, ги запалил и оставил да гори. Огнот се проширил од бурето на околната сува трева и се приближил до објектот на полициската станица, со што се создаде опасна ситуација за безбедноста на објектот и персоналот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност на инспекторот за кршење на работниот ред и дисциплина.
















