Необичен и неочекуван момент се случи при посетата на сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во Белата куќа, каде што американскиот претседател Доналд Трамп приреди топол, но и мошне несекојдневен пречек.
Според извештаите на „Телеграф“, Ал-Шара пристигнал во Белата куќа низ спореден влез, а новинарите не биле пуштени во Овалната соба поради „безбедносни причини“ и чувствителноста на прашањата поврзани со неговото минато.
На видео снимката што кружи на социјалните мрежи, се гледа како Трамп го вади златното шишенце со парфем и го испрскува сирискиот претседател, додавајќи:„Ова е машки парфем... најдобриот парфем! Имам и едно шишенце за сопругата.“
Потоа, во типичен трампovski стил, американскиот претседател со насмевка го прашува својот гостин:„Колку жени имаш? Една?“Кога Ал-Шара се насмеал и потврдил дека има само една сопруга, Трамп го потапкал по раката и духовито додал:„Со вас, никогаш не знам.“
Овој момент, иако краток, веќе предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – од смеа и збунетост, до критики за невообичаената дипломатска спонтаност на Трамп.
















