Популарниот инфлуенсер Мајкл Дуарте, познат по своите кулинарски видеа на профилот @foodwithbearhands, почина во саботата во Тексас, откако полицијата го застрела по инцидент со закани, објавија негови блиски и медиуми.
Дуарте, кој имаше повеќе од два милиони следбеници на Instagram, TikTok, Facebook и YouTube, беше познат по видеата со рецепти, скара и готвење, секогаш со насмевка и непосредност.
Според канцеларијата на шерифот од округот Медина, на 8 ноември бил примен повик за вознемирување во градот Кастровил, каде што Мајкл, наводно, се заканувал со нож. Кога заменик на шерифот пристигнал на лице место, Дуарте му се заканил и покрај повеќекратните наредби да легне на земја. Заменикот испукал два куршума, по што Мајкл бил пренесен во Универзитетската болница во Сан Антонио, каде лекарите констатирале смрт.
Дуарте започнал да се интересира за готвењето уште како тинејџер, работеше во мал ресторан во родниот град Калипатрија, а подоцна во Сан Диего. За време на пандемијата се посветил на создавање содржини за социјалните мрежи, снимајќи првиот видео со својата ќерка, што му го отвори патот кон интернет-популарност.
Од агенцијата Alooma Media Group, која го застапуваше, истакнаа дека Мајкл бил „посветен сопруг, грижлив татко и верен пријател“ и дека неговата топлина и дарежливост се чувствувала во секоја интеракција.
Семејството и блиските на Дуарте објавија GoFundMe кампања за поддршка, додека фановите ширум светот се збогуваат со неговата работа и личност.
















