Потрагата по совршена декорација за роденден понекогаш може да тргне наопаку, како што откри една мајка кога нарача банер со сафари мотиви за својот син од популарната онлајн продавница „Тему“.
Кога пакетот пристигнал, Ејми била непријатно изненадена. На прв поглед, проблемот бил типографска грешка – наместо „happy birthday“, на банерот било напишано „happy birhday“. Но, тоа било само почеток.
Кога ја погледнала декорацијата подетално, забележала дека животните на транспарентот биле бизарни. Наместо очекуваните коали и жирафи, банерот прикажувал ликови кои потсетувале на плишани играчки или луѓе облечени во необични животински костуми.
„Потсетник: Не нарачувајте украси за роденден од Тему“, напишала Ејми во видеото на TikTok. За да го спаси денот, таа додала неколку големи балони во форма на животни, кои барем малку ја поправиле роденденската атмосфера.
















