ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ново покачување на минималната плата – еве кога и колку ќе порасне!

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ново покачување на минималната плата – еве кога и колку ќе порасне!
Kristal

Минималната плата во Македонија повторно ќе се зголеми! Од март 2026 година, работниците со најниски примања ќе добиваат околу 26.000 денари месечно, што претставува покачување од приближно 2.000 денари во однос на сегашниот износ.

Министерот за економија Бесар Дурмиши објави дека ова зголемување е дел од владината стратегија за подобрување на животниот стандард и усогласување на минималната плата со инфлацијата и растот на трошоците за живот.

– Нашата цел е работниците реално да почувствуваат подобрување во семејниот буџет. Минималната плата мора да го следи економскиот раст и инфлацијата – изјави министерот Дурмиши.

Во моментов минималната плата изнесува 24.379 денари, а Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара таа да достигне најмалку 500 евра, оценувајќи дека и натаму не ги покрива основните животни трошоци.

Дополнително, Владата најавува и измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои треба да влезат во сила на 1 јануари 2026 година, со цел поттикнување инвестиции, нови работни места и поголем раст на платите.

– Ќе обезбедиме транспарентност, контрола и јасни правила. Поддршка ќе добијат компании што создаваат реална вредност и продуктивност – додаде министерот.

Escape