Премиерот Христијан Мицкоски коментираше за реформите во судството и обвинителството, потенцирајќи дека не е подготвен да поддржи зголемување на платите на судиите и обвинителите кои, како што рече, „немаат никаков рејтинг“.
„Реформите во судството се за зголемување на платите. Следната година треба да вратиме 2 милијарди евра од претходни задолжувања. Во буџет од 6,5 милијарди, тоа е голем товар за сите нас и за идните генерации. Јас ќе ја донирам мојата плата, но барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати за лица кои немаат рејтинг“, рече Мицкоски.
Тој повика јавноста да се изјасни за тоа дали платите на судиите и обвинителите треба да се зголемат, нагласувајќи дека клучната реформа треба да биде законско и професионално постапување, а не само материјална надокнада.
















