Трагичен случај ја потресе Црна Гора, откако едногодишно дете почина од тешки повреди, а неговиот 22-годишен татко беше уапсен под сомнение дека го удрил со автомобил.
Случајот бил пријавен во Беране околу 16 часот, кога Брзата помош ја известила полицијата дека во здравствена установа било донесено едногодишно дете со сериозни повреди. И покрај укажаната помош, детето набргу починало.
Полицијата пристигнала во болницата и разговарала со таткото, А.И. (22), кој првично изјавил дека детето се повредило откако паднало од покривот на помошен монтажен објект.
Меѓутоа, според полицијата, по увидот и истрагата што продолжила во текот на ноќта биле утврдени околности кои не се совпаѓале со неговата првична верзија.
Се сомничи дека го удрил додека излегувал од гаража
Според досега собраните докази, истражителите се сомневаат дека 22-годишникот со автомобил излегувал од гаража кога го удрил своето едногодишно дете. Детето се здобило со тешки повреди од кои подоцна починало.
Телото е испратено на обдукција во Клиничкиот центар на Црна Гора, додека возилото е привремено одземено и треба да биде предмет на дополнителни вештачења.
По налог на обвинител од Основното државно обвинителство во Беране, таткото е уапсен под сомнение за кривично дело „тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај“.
Истрагата продолжува, а надлежните треба да ги утврдат сите околности што довеле до трагичната смрт на детето.









