Утрово на патниот правец помеѓу Умка и Обреновац, во близина на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а осум други се повредени.
Според првичните информации, несреќата се случила кога патничко возило директно се судрило со автобус кој сообраќал на редовна линија. Возачот на автомобилот загинал на лице место.
Повредените патници од автобусот веднаш биле пренесени во Ургентниот центар, каде им се укажува медицинска помош. Се уште нема официјални информации за нивната здравствена состојба.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а сообраќајот на овој дел од патот бил значително забавен. Причините за несреќата се уште се истражуваат.
















