ПРВ.мк
Балкан

ДРАМА НА ПОЗНАТО ТУРИСТИЧКО МЕСТО: Силното невреме зароби пловила - спасувачите на терен!

ДРАМА НА ПОЗНАТО ТУРИСТИЧКО МЕСТО: Силното невреме зароби пловила - спасувачите на терен!

Тројца австриски државјани биле спасени рано утрово откако нивната едрилица претрпела хаварија во силното невреме што го зафати Јадранот.

Спасувачките екипи ги пронашле на сплав на околу 12 наутички милји јужно од ’Ртот Камењак. Акцијата била спроведена откако Националната централа за усогласување на трагање и спасување на море (MRCC Риека) добила повик за помош од едрилицата во 4:44 часот.

Поради лошите временски услови комуникацијата била отежната, но во соработка со Капетанијата на пристаништето Пула било утврдено подрачјето за потрага, по што веднаш започнала спасувачка акција.

Во меѓувреме, ненадејното поминување на временски фронт со силен ветер предизвикало насукување на десетици пловила во областа на островите Уније, Сусак и Лошињ.

Според Министерството за море, сообраќај и инфраструктура на Хрватска, во овие инциденти нема повредени лица.

Во спасувањето биле вклучени службеници на пулската капетанија, а биле известени и Поморската и аеродромската полиција во Пула, како и крајбрежната стража, чие пловило било ставено во подготвеност.