ПРВ.мк
Балкан

ОГНЕНА СТИХИЈА: Еве каде страшен пожар беснее, мобилизирани се сите служби!

ОГНЕНА СТИХИЈА: Еве каде страшен пожар беснее, мобилизирани се сите служби!

Во Грција избувнал шумски пожар во пошуменото подрачје на општина Лутраки, во областа Коринт на полуостровот Пелопонез.

Според соопштението на грчката противпожарна служба, ситуацијата е под контрола благодарение на брзата реакција на надлежните служби.

На терен се ангажирани 25 пожарникари, меѓу кои и специјализиран пешадиски тим од 9. единица за шумски операции (EMODE), обучен за гаснење пожари на тешко пристапни терени. Поддршка од земја даваат осум противпожарни возила, додека од воздух пожарот се гаси со еден авион.

Во гаснењето се вклучиле и локални доброволци. Според првичните информации, нема повредени лица и не се загрозени станбени објекти во околината.

Областа Лутраки е позната како подложна на шумски пожари во летниот период поради густите борови шуми и силните ветрови од Коринтскиот залив.

Грчките власти издале предупредување за висок ризик од пожари за поголем дел од јужна Грција поради високите температури и засилениот ветер.