ПРВ.мк
Балкан

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И ГРАД! Дали невремето што ја погоди Србија се движи кон Македонија

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И ГРАД! Дали невремето што ја погоди Србија се движи кон Македонија

Силно невреме проследено со пороен дожд, град и силен ветер го зафати западниот дел на Србија, предизвикувајќи поплавени улици и сериозни проблеми во сообраќајот.

На Златибор за кратко време наврна голема количина дожд и ситен град, поради што дел од улиците беа целосно под вода. Автомобилите со тешкотии се пробиваа низ улиците, кои на одредени места достигнуваа висина над тркалата.

Невремето го погоди и Ужице, каде временските услови нагло се влошија за само неколку минути. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета.

Според српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХМЗ), нестабилното време ќе продолжи и во текот на следните денови, со нови локални врнежи, грмежи, град и силен ветер, особено во западните, централните и јужните делови на земјата.

Невремето постепено се движи кон југ и полека се спушта кон Македонија, па и кај нас во текот на вечерта и ноќта се очекува зголемена облачност со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат временските предупредувања, бидејќи на одделни места се можни поинтензивни временски непогоди.