Албанските власти спречија увоз на 25 тони пченка од Србија, откако лабораториските анализи покажале присуство на високи нивоа на афлатоксин – токсин кој се создава во мувлосани житарици и е познат како канцероген.
Од Агенцијата за безбедност на храна информираа дека пратката е стопирана на граница и нема да биде пуштена во употреба. Стручњаците предупредуваат дека афлатоксинот претставува сериозен ризик не само за добитокот, туку и за луѓето доколку преку храната влезе во синџирот на исхрана.
Албанските инспекции најавија зајакнати контроли на сите пратки жита и сточна храна што пристигнуваат во земјата, со цел да се спречат вакви здравствени ризици во иднина.
















