ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се судрија два камиони - едниот целосно изгоре!

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се судрија два камиони - едниот целосно изгоре!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне во Србија, кога на автопатот дошло до директен судир помеѓу два камиони, при што едно од возилата целосно било зафатено од пожар и изгорело до темел, пренесува РТС.

Инцидентот се случил околу 15:30 часот, во близина на наплатната рампа „Шимановци“, на делницата во правец кон Белград. Според првичните информации, по силниот судир на двете товарни возила, едниот шлепер веднаш се запалил и огнот брзо го зафатил целото возило, како и дел од товарот што се наоѓал во него.

И покрај сериозноста на несреќата, возачите на двата камиони биле извлечени од кабините и, за среќа, не се здобиле со потешки повреди. Тие добиле лекарска помош на лице место.

Поради силниот пожар и опасноста од понатамошно ширење, на терен интервенирале четири противпожарни возила, како и две екипи на сообраќајната полиција. Пожарникарите работеле на гаснење на огнот и обезбедување на местото на несреќата.

Еден од камионите целосно изгорел, а уништен бил и дел од товарот што го превезувал, што дополнително ја зголемило материјалната штета од несреќата.

Поради интервенцијата и расчистувањето на патот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин, што предизвикало големи застои во правец кон Белград, особено од зоната Пеќинци кон Шимановци.

По завршување на увидот и интервенцијата на службите, сообраќајот постепено бил нормализиран, а надлежните служби работат на утврдување на причините за судирот.

ВИДЕО