ПРВ.мк
Балкан

Голема финансиска поддршка: По 25.000 динари по дете и за примателите на социјална помош

Голема финансиска поддршка: По 25.000 динари по дете и за примателите на социјална помош

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави нов пакет мерки за подобрување на животниот стандард, со кој е предвидена еднократна финансиска помош за повеќе категории граѓани.

Примателите на социјална помош ќе добијат по 25.000 динари, а ист износ ќе биде исплатен и за секое дете кое прима детски додаток. Според најавите, со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 148.000 приматели на социјална помош, како и повеќе од 165.000 деца од семејства кои користат детски додаток.

Дополнителна финансиска поддршка ќе добијат и примателите на борачки додаток, на кои ќе им бидат исплатени по 25.000 динари. Останатите борци ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари.

Вучиќ истакна дека целта на мерките е да им се помогне на најранливите категории граѓани полесно да ја дочекаат есента и зимата.

Според најавата, сите исплати ќе бидат реализирани најдоцна до крајот на септември.