Еден од осомничените во истрагата на Обвинителството за организиран криминал за финансиските текови поврзани со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, Г.Р., е уапсен на 1 ноември во Хрватска, јави РТС, повикувајќи се на извори од обвинителството. Информацијата ја потврди и Министерството за правда.
Г.Р. бил уапсен врз основа на потерница издадена од надлежните органи на Република Србија. Тој бил во бегство и до моментот на апсењето беше единствениот осомничен кој не бил сослушан во случајот.
Со одлука на Окружниот суд во Славонски Брод, на Г.Р. му е определен екстрадициски притвор.
Министерството за правда, по официјалната потврда за апсењето, на 12 ноември поднело барање за екстрадиција до надлежните хрватски органи, согласно билатералниот договор помеѓу двете земји.

















