ПРВ.мк
Свет

Минута молчење по трагедијата: Работник загина откако бил удрен од авион

Минута молчење по трагедијата: Работник загина откако бил удрен од авион

Трагична несреќа се случила на меѓународниот аеродром „Монтреал-Трудо“ во Канада, каде што работник починал откако бил удрен од патнички авион за време на подготовките за полетување.

Несреќата се случила на 24 август околу 19:30 часот по локално време. Работникот бил вработен во компанијата „Самсик“, задолжена за земјени услуги на аеродромот.

Според првичните информации, во моментот на несреќата „Ербас А350“ на авиокомпанијата „Френч би“ се подготвувал за лет кон Париз и се движел наназад.

Работникот бил тешко повреден при ударот и веднаш бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Во инцидентот немало повредени патници или членови на екипажот.

Аеродромските власти изразиле сочувство до семејството, пријателите и колегите на загинатиот, а најавена е и поддршка за вработените и патниците кои биле сведоци на трагичниот настан.

Авиокомпанијата соопштила дека соработува со надлежните канадски институции, додека истрагата треба да утврди како точно дошло до контактот меѓу авионот и работникот и дали биле почитувани сите безбедносни процедури.

Во чест на загинатиот работник најавена е и минута молчење.